Достапни линкови

Турција отпушти 2.800 судии и обвинители


Турските власти денеска од работа отпуштија повеќе од 2.800 судии и обвинители, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Ова е последната акција во низата на преземени мерки по неуспешниот обид за преврат од 15 јули

Во Турција по обидот за државен удар, за кој официјална Анкара го обвини исламскиот верски лидер Фетула Ѓулен, од работа се отпуштени или суспендирани околу 80 илјади луѓе од државната служба, судството и полицијата.

Турската Влада тврди дека следбениците на Ѓулен со години наназад работеле на тоа да се инфилтрираат во државните институции со цел да ја соборат власта.

Ѓулен ги негира обвинувањата на официјална Анкара.

XS
SM
MD
LG