Достапни линкови

logo-print

Бајден нуди поддршка за демократија во Турција


Вашингтон придава огромно значење на односите со Турција, а САД нудат безрезервна поддршка за демократија во земјата по неуспешниот воен удар во јули, изјави заменик претседателот на САД Џо Бајден кој е во посета на Турција. Тој изјавата ја даде по состанокот со турскиот премиер Бинали Јилдирим. Бајден треба да се состане и со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турција бара САД да го екстрадираат турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за оркестрирање на обид за државен удар.

Бајден потврди дека САД имаат добиено барање од Турција за екстрадиција на Ѓулен, но истакна дека доказите биле во врска со настани случени пред 15 јули.

Тој инсистира дека мора да бидат исполнети правните стандарди во случајот со Ѓулен.

XS
SM
MD
LG