Достапни линкови

Бајден: Oдлуката за Ѓулен ќе ја донесе Федералниот суд на САД


Американскиот подпретседател Џо Бајден денеска изрази жалење за фактот што исламскиот проповедник Фетула Ѓулен се наоѓа во САД, а не во друга држава, пренесе ТАСС. Бајден ова го кажа по средбата со претседателот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман во Анкара.

„Има придвижување во преговорите за екстрадицијата на Ѓулен, но одлуката за неговото предавање на Турција ќе ја донесе Федералниот суд на САД. Жалосно е што Ѓулен се наоѓа во САД, а не во некоја друга земја“, рече Бајден, цитиран од турската телевизија НТВ.

Турските власти сметаат дека исламскиот проповедник, кој живее во САД, и негови следбеници стојат зад обидот за преврат во Турција, извршен на 15 јули.

Бајден денеска уште и кажа дека денот кога беше извршен обидот за преврат во Турција - „15 јули, е истото нешто што 11 септември е за САД“.

XS
SM
MD
LG