Достапни линкови

Нема нови случаи на косовски граѓани борци во ИД


Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени изјави дека не се регистрирани нови случаи на косовски граѓани да се приклучат на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

„Помина година како не сме регистрирале случај луѓе од Косово да се приклучат на странски боишта“, рече Хисени, но предупреди дека тоа не треба да значи властите да се опуштат.

Повеќе од 300 луѓе од Косово отишле да се борат на страната на екстремистичките групи на Блискиот исток, со што Косово е најголем контрибутер на борци по глава на жител во Европа. Косовските власти велат дека околу 50 луѓе се убиени на боиштата во странство, а околу 120 се вратени во Косово. Повеќе од 100 луѓе се уапсени или се под истрага за врски со екстремистичката група Исламска држава.


XS
SM
MD
LG