Достапни линкови

Законски измени за побрза исплата на отштети


За побрза исплата на отштета во услови на елементарни непогоди, како поплавата од 6 август, Министерството за финансии денеска предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет. Со измените треба да сеовозможи Министерството да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот.

Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средства во буџетот во износ до 5 милиони евра.

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска на собраниска седница, на која законот доби поддршка да оди по брза постапка, образложи дека е нужно носење ваков закон за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.

Инаку, Владата веќе ги исплаќа авансните средства на граѓаните кои претрпеа штета од поплавите. Целосната исплата на штетите ќе биде откако ќе помине ребалансот со кој се предвидуваат средства за поплавата, за кој расправата е закажана следната недела во Собранието.

XS
SM
MD
LG