Достапни линкови

logo-print

Попоски: Опозицијата да одбере датум за избори


Договорот од Пржино е жив и тој претставува начин за излез од политичката криза, оцени денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Договорот подразбира и организирање избори, а датумот за истите треба да го одбере опозицијата, вели Попоски.

Запрашан дали има конкретно барање од Турција за испорачување на некое лице поврзано со обидот за воен удар, Попоски одговори дека до овој момент нема такво барање.

Во однос на мигрантската криза, Попоски оцени дека таа не е завршена и Македонија е подготвена за соочување со сценарија и активно работи на дипломатски план заедно со партнерите на избегнување на случувања какви што видовме во минатото.

XS
SM
MD
LG