Достапни линкови

Украина одбележува 25 години независност


Украина одбележува 25 годишнина од прогласувањето на независност од Советскиот сојуз со голема воена парада во Киев. Војници, оклопни возила и друга тешка воена опрема се извадени на улиците во градот за да се демонстрира сила во услови кога растат тензиите со Русија. Украина прогласи независност во 1991 година, во пресрет на неуспешниот обид за државен удар во Москва и распадот на Советскиот Сојуз. Независноста на земјата е потврдена на референдум на 1 декември истата година.

„Независноста ни даде демократијата и слобода, чувство на граѓанско достоинство и на национално единство“, рече претседателот Петро Порошенко, обраќајќи се пред насобраните луѓе.

Честитки до Украина испрати американскиот државен секретар Џон Кери во име на претседателот Барак Обама и во има на американскиот народ. Во честитката се наведува дека САД продолжува со поддршка на земјата за да ја зајакне демократијата. Понатаму се наведува и дека САД со европските партнери ќе притиска за да исполни договорот од Минск, како и да се стави крај на руската агресија во Донбас и да се врати меѓународната граница на Украина.

XS
SM
MD
LG