Достапни линкови

Шефот на црногорската дипломатија се повлече од трката за ГС на ООН


Игор Лукшиќ

Игор Лукшиќ

Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ се повлече од трката за нов генерален секретар на Обединетите нации. Во трката наследник на Бан Ки Мун сега остануваат уште 10 кандидати. Традиционално, оваа функција ротира меѓу регионите. Азија, Африка, Латинска Америка и Европа веќе имаа свој претставник како генерален секретар. Меѓутоа источноевропските земји, вклучувајќи ја Русија, се побунија дека никогаш досега немале генерален секретар на ОН и оти сега бил нивен ред.

XS
SM
MD
LG