Достапни линкови

Турска операција за чистење на сириската граница од ИД


Турција соопшти дека нејзината војска покренала операција за чистење на границата со Сирија од милитантите на исламската држава. Вчера турските власти наложија евакуација на жителите на градот Каркамиш, на границата со Сирија врз кој претходно беа истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија. Градот се наоѓа во близина на Џарабулус во Сирија, кој е под контрола на Исламска држава. Медиумите пренесуваат дека сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Анкара, подготвуваат голема офанзива со цел да ја повратат контролата врз Џарабулус.

XS
SM
MD
LG