Достапни линкови

Силен земјотрес во централна Италија


Градот Аматриче во централна Италија изутрината бил погоден од силен земјотрес си сила од 6,2 степени. Градоначалникот Серџо Пироци изјави дека под урнатините имало луѓе. „Патиштата до градот се во прекин. Има луѓе под урнатините. Имаше и лизагање на земјиштето“, рече тој за РАИ. Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека потресот бил силен и оти имало извештаи за големи штети. Земјотресот бил почувствуван во Рим.

XS
SM
MD
LG