Достапни линкови

logo-print

Путин, Меркел и Оланд ќе дискутираат за Украина


Лидерите на Русија, Германија и на Франција, ќе се сретнат на маргините на претстојниот самит на Г-20 и ќе разговараат за ситуацијата во источна Украина, соопшти денеска Кремљ. Самитот ќе се одржи во Кина.

Европските лидери се загрижени дека мировниот договор за источна Украина може да пропадне по неодамнешниот пораст на борбите во тој регион, како и по тензиите околу анкетираниот Крим. Руските власти соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал за ситуацијата во источниот дел на Украина со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Портпаролот на германската влада потврди дека лидерите зборувале за прекршувањата на прекинот на огнот во источна Украина. Тој вели дека Меркел и Оланд го повикале Путин да направи што може да ја смири ситуацијата.

И од Елисејската палата соопштија за разговорот и за загриженоста на Оланд за ситуацијата во источна Украина.

XS
SM
MD
LG