Достапни линкови

logo-print

ЕУ ќе се бори против домашните екстремисти


Министрите за правда на земјите членки на ЕУ на денешниот неформален состанок во Братислава се согласија дека треба да се борат со сите сили да се поттиснат домашните радикални и екстремистички сили, за да не се доведат во ситуација како пред Втората светска војна кога во повеќето од земјите во Европа на власт дојдоа десничарски тоталитарни режими.

„Проблем на денешната Европа не е само економската ситуација и безбедноста, туку и тоа што дел од населението се вклучува во антисистемки и екстремистички структури. Тоа е последица на повеќе процеси од кои секој си има своја улога. Важно е за зборуваме за тоа и да бараме решениеза да не ни се повтори ситуацијата од минатиот век“, рече претседавачката со состанокот, словачката министерка за правда Луција Житњанска.

Министрите усвоија заедничка декларација во која се обврзаа дека ќе ја бранат демократијата, правната држава и човековите права, а ќе се борат и против тоа екстремитички ставови да продираат во политиката. Словачка од 1 јули до крајот на годината ќе претседава со ЕУ.

XS
SM
MD
LG