Достапни линкови

ОН реагираат за егзекуциите во Ирак


Роднини на жртвите на масакрот присуствуваа на егзекуциите.

Роднини на жртвите на масакрот присуствуваа на егзекуциите.

Од Обединетите нации денеска соопштија дека во Ирак се погубени 36 мажи без соодветно судење. Егзекуциите биле извршени на 21 август во јужен Ирак. Станува збор за сунитски муслимани кои беа осудени за убиство на 1.700 војници, повеќето од нив шиитски мсулимани, убиени во 2014 во воената база Спицер. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Портпаролката на ОН за човекови права, изјави дека мажите бил осудени врз основа на информации обезбедени од страна на тајни информатори или признанија извлечени под принуда. Според ОН, на адвокатите на одбраната не им било дозволено да учествуваат во процесот, освен да дадат куса изјава пред да бидат соопштени пресудите. Од ОН повикаа судењата на луѓе поврзани со масакрот не не бидат водени од омраза.

XS
SM
MD
LG