Достапни линкови

Турција испрати речиси 600 полковници во пензиja


Високиот воен совет на Турција денеска одлучи да испрати во пензија 586 полковници, соопшти телевизија „ХаберТурк“, пренесува ТАСС.

Документот веќе е одобрен од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Освен тоа, претседателот бара да се скрати рокот на служба на офицерите до 28 години за да се намали бројот на војници со високи чинови, соопшти електронското издание на весникот. „Милиет", повикувајќи се на соопштение на министерството за одбрана.

По обидот за преврат на 15 јули, властите на земјата почнаа масовни чистки на државниот апарат и приватните структури од членови на таканаречената „Фетулистичка терористичка организација" (ФЕТО), која се смета за организатор на превратот.

Над три илјади војници, вклучувајќи 150 генерали и адмирали, се лишени од рангот и функцијата во вооружените сили.

XS
SM
MD
LG