Достапни линкови

ДИК го усвои извештајот за спорните гласачи


Државната изборна комисија (ДИК) го разгледа и едногласно гo усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи. До ДИК во рокот за пријавување од 26 јули до 19 август 2016 година пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава се прифатени. Од нив една пријава е одбиена поради нечитлив документ, девет поради несовпаѓање на документ, девет поради неважечки личен документ и две поради некомплетен личен документ.

Согласно утврдениот Извештај на ДИК пријава не поднеле вкупно 30.467 лица. Според писмено известување од Управата за водење матични книги од 22 август 2016 година 20 лица од списокот се починати заклучно 19 август 2016 година.

Граѓаните кои не се пријавиле во законскиот рок од 25 дена согласно законот ќе имаат дополнителна можност да се пријават до ДИК во тек на јавниот увид пред предвремените избори за избор на пратеници во Собранието.

XS
SM
MD
LG