Достапни линкови

Русија ја критикува одлуката за параолимпијците


Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко,

Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко,

Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, остро ја критикуваше одлуката да им се забрани на руските параолимпијци да настапат на Параолимпијадата која треба да се одржи во Рио следниот месец. Тој вели дека одлуката на Аритражниот суд за спорт е политичка и не е во правниот домен.

„Тоа е повеќе политичка, отколку правна одлука. Немаше причина за одбивање на нашата жалба, но ете се случи“, изјави министерот за новинската агенција ТАСС.

На Русија и е забрането да се натпреварува на параолимпијадата во Рио, откако Судот ја одби нивната жалба. Арбитражниот суд за спорт ја потврди забраната за руските спортисти, што претходно ја донесе Меѓународниот параолимписки комитет. Според судот одлуката за забрана на руските спортисти е во согласност со правилата и е пропорционална на одколностите. Меѓународниот комитет претходно му забрани на рускиот тим да настапи на Параолимпијадата, со образложение дека Русија не се придружувала на анти-допинг правилата.

XS
SM
MD
LG