Достапни линкови

logo-print

ДИК треба да усвои Извештај за спорните гласачи


Државната изборна комисија денеска на седница треба да го разгледа и усвои Извештајот за спроведената постапка за пријавување на спорните гласачи.

Рокот за пријавување на спорните гласачи заврши во петокот. Пријавувањето почна на 26-ти јули, а како спорни, беа објавени имињата на 39.502 гласачи. До истекот на рокот, до Државната изборна комисија доставени се 8.922 пријави.

ДИК има на располагање 10 дена од завршување на рокот за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Оние кои не се пријавени во предвидениот рок нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.

XS
SM
MD
LG