Достапни линкови

ЕУ, ОН и СБ помагаат по поплавите, но ги бараат и причините


Европската унија, Обединетите нации и Светска банка ги здружуваат силите во санирањето на последиците од поплавите. Покрај тековните напори за помош по оваа непогода, заеднички тим на стручни лица од трите организации, за санација од катастрофи, е распореден на терен за да работат со колегите од земјава во идентификување на причините за поплавите и на проценка на последиците од истите врз населението и економијата.

Од Делегацијата на ЕУ во земјата велат дека настрана од помошта што се дава во вонредни состојби и санација на штетите, треба да се согледа и коренот на причините за катастрофите.

ЕУ го активираше Механизмот за цивилна заштита, а земјите-членки на ЕУ обезбедија финансиска и материјална помош преку овој систем. Европската комисија донираше 150.000 евра како директна помош, а придонесите од земјите-членки на ЕУ веќе надминаа два милиони евра. Во 2015, ЕУ одобри пакет од 10 милиони евра за земјата за справување со последиците од поплавите, и преку Директоратот на ЕУ за цивилна заштита и хуманитарна помош обезбеди три милиони евра за регионална програма за поголема подготвеност во случај на катастрофи.

XS
SM
MD
LG