Достапни линкови

Франција апси луѓе кои планирале терористички напади


Француските власти во август уапсиле седум луѓе поврзани со терористички мрежи, од кои најмалку тројца имале „разработени планови за напади“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Тој вели дека бројот на уапсени, поврзани со терористички организации, во првите шест месеци од годинава е еднаков на вкупниот број луѓе уапсени лани.

Годинава во антитерористичката кампања се уапсени 165 луѓе, од кои 91 се обвинети, а 63 и понатаму се во притвор. Франција беше мета на три терористички напади за кои одговорност презеде организацијата Исламска држава. Од владата велат дека опасноста од тероризам и понатаму е на највисоко ниво, а многу традиционални прослави и фестивали се откажани од безбедносни причини.

XS
SM
MD
LG