Достапни линкови

Грција негира дека има епидемија на маларија


Грчките здравствени власти велат дека нема причина за загриженост во врска со појавата на маларија во земјата. Од Министерството за здравство велат дека не е докажана епидемија, па затоа ширењето на неоснована загриженост е неодговорен акт. И грчкиот Центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО) ги отфрли стравувањата дека во Грција се шири маларија, по невообичаено големиот број случаи кои биле регистрирани во текот на изминатиот викенд. Од КЕЕЛПНО соопштуваат дека меѓународните здравствени организации истакнале оти нема потреба туристите во Грција да преземаат посебни мерки за претпазливост.

Поради зголемениот број случаи на маларија од вчера е прекинато крводарителството во повеќе болници во различни делови на земјата. Од почетокот на годинава, во Грција се пријавени 65 случаи на маларија, претежно кај мигранти.

Министерството за здравство наглси дека се работи за изолирани случаи и не претставуваат закана.

XS
SM
MD
LG