Достапни линкови

logo-print

Српските власти нема да реагираат на изјавите на Хрватска


Официјален Белград соопшти дека повеќе нема да одговара на изјавите на хрватските функционери, во обид да се запре препукувањето меѓу двете соседни земји. Српскиот премиер Александар Вучиќ вели дека министрите од денеска ќе се воздржуваат да реагираат на изјавите од Хрватска и од тамошните функционери.

Актуелната ситуација на затегнати односи меѓу Белград и Загреб ќе предизвика Вучиќ да не ја прифати поканата на премиерот на Хрватска, Тихомир Орешковиќ за учество на Форумот во Дубровник, што почнува во четврток, посветен на јакнењето на Европа и поврзувањето на Северот и Југот, пишуваат белградските медиуми.

Медиумите ја пренесуваат изјавата на премиерот Вучиќ за тоа дека „најверојатно нема да патува во Дубровник„ објаснувајќи дека не гледа што битно би можело да се направи.

Претходно загрепски „Вечерњи Лист“ јави дека Вучиќ ја прифатил поканата на Орешковиќ.

XS
SM
MD
LG