Достапни линкови

logo-print

Иран сака подобри односи со Куба


Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави во Хавана дека неговата посета ќе отвори ново поглавие во односите на Иран со Куба. Иран, кој и онака има добри односи со Куба, има намера да ги зајакне бизнис врските со оваа коминстичка земја по отстранувањето на меѓународните санкции против Исламската Република како дел од договорот за намалување на нејзината нуклеарна програма. Зариф е на шест дневна турнеја по Латинска Америка при што ќе ги посети и Чиле, Никарагва, Боливија и Венецуела.

XS
SM
MD
LG