Достапни линкови

Турските власти несигурни дали дете го изведе нападот во Газиантеп


Турските власти ја повлекоа претходната изјава дека самоубиствениот бомбашки напад на свадба во Газиантеп во саботата бил извршен од дете. Премиерот Бинали Јилдирим изјави дека властите се уште се обидуваат да утврдат кој го извршил нападот, при што загинаа најмалку 54 лица, дополнувајќи дека се уште не било познато дали станува збор за дете или возрасен. Говорејќи по седницата на владата, тој рече дека се уште не се пронајдени индиции за сторителот на нападот. Претседателот Реџеп Таип Ердоган завчера соопшти дека атентаторот самоубиец бил на возраст меѓу 12 и 14 години.

XS
SM
MD
LG