Достапни линкови

logo-print

ОН предупредуваат на можна катастрофа во Алепо


Потсекраторот на ОН за хуманитарни прашања Стивен О Брајан ги повика завојуваните страни во Алепо да договорат дводневна „пауза“ за да се овозможи доставување помош. Во спротивно тој предупреди дека на градот му се заканува хуманитарна катастрофа без преседан во текот на петгодишната војна во Сирија. Во обраќањето во Советот за безбедност на ОН, тој изјави дека во Алепо секојдневно се спроведувале воздушни напади и оти околу милион луѓе се под опасада. Русија која е сојзник на сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека е подготвена да поддржи 48 часовен прекин на огнот во Алепо.

XS
SM
MD
LG