Достапни линкови

Демонстранти нападнаа ТВ станици во Карачи


Полицијата се судри со демонстрантите кои нападнаа ТВ станици во јужниот пакистански град Карачи ,при што загина еден човек, а осум луѓе се повредени. Поддржувачите на движењето Мутахида Куами протестираа пред две ТВ станици и запленија три возила.
Приврзаниците на движењето се упатија кон седиштата на ТВ станиците, откако беше емитуван говорот на самопротераниот лидер на движењето кој е во Лондон. Тој ги обвини медиумите дека не известуваат за шестдневниот штрајк со глад во знак на протест против неодамнешното апсење на членови на движењето. Висок полициски офицер изјави дека полицијата употребила солзавец и уапсила 12 луѓе на протестите.

XS
SM
MD
LG