Достапни линкови

Ренци: ЕУ нема да пропадне по Брегзит


Излезот на Велика Британија од Европската унија нема да доведе до пропаѓање на Унијата, рече италијанскиот премиер Матео Ренци.

„Многумина мислеа дека ЕУ е готова по Брегзит, но тоа не е така“, рече Ренци на денешната средба со претседателот на Франција Франсоа Оланд и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел е на европската турнеја во рамки на која ќе посети неколку држави и ќе се сретне со 15 лидери во обид да се координираат како ќе одговорат на излезот на Британија од Европската унија.

XS
SM
MD
LG