Достапни линкови

Екстремист жали за уништените храмови во Тимбукту


Исламистички екстремист изрази „длабоко жалење“, откако се изјасни за виновен за уништување на светите храмови во пустинскиот град Тимбукту во Мали на почетокот на неговото судење пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Ахмет Ал Факи Ал Махди денеска пред судот изјави дека ја признава вината „со длабоко жалење и голема болка“. Тој им порача на муслиманите ширум светот да не извршуваат слични дела, велејќи дека „тие не водат кон ништо добро за човештвото“.

Ал Махди предводеше група радикали кои уништија 14 од 16-те мавзолеи во Тимбукту во 2012, затоа што ги сметаат за тотеми на идолопоклонството. Поголемиот дел од градот потекнува од златното време во 14-тиот век, кога Мали била трговски центар и центар на суфистичкиот ислам. Ал Махди ќе биде првиот осуден под обвиненија поврзани со исламизам од Меѓународниот суд во Хаг, кој во своето 14-годишно постоење има само уште три пресуди.

XS
SM
MD
LG