Достапни линкови

Собранието ненадлежно за големи задолжувања


Собранието нема да расправа за секое владино задолжување поголемо од 100 милиони евра. Мнозинството пратеници го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за измени во Законот за јавен долг, според кој Парламентот би одлучувал за големи задолжувања. Од власта сметаат дека не може Собранието да одлучува за износот на задолжувањата. Според пратениците од власта, за стратегиите за финансирање одлучуваат тие што ќе победат на избори. Опозицијата, пак, бара поголема контрола, оти како што велат постојано се земаат нови кредити, а не се знае за што се трошат парите.

XS
SM
MD
LG