Достапни линкови

logo-print

Турција подготвува нова хуманитарна помош за Газа


Хуманитарната организација Црвена полумесечина во Турција соопшти дека се подготвува за пловидба втор брод со хуманитарна помош за Појасот Газа, кој ќе замине од пристаништето Мерсин, за да пристигне во Газа на првиот ден од празникот Курбан Бајрам на 12 септември, пренесе агенцијата Анадолија.

Со бродот на Палестинците во Газа ќе им бидат доставени 10.000 тони храна, лекови, бебешки пелени, хигиенски средства и училишни материјали.

Организацијата Црвена полумесечина, во своето соопштение, истакнува дека Турција ја активира својата поддршка за Палестинците, откако на крајот на јуни постигна договор за нормализирање на односите со Израел, по шестгодишниот јаз помеѓу нив. Односите меѓу двете земји, кои порано беа блиски сојузници, се влошија пред шест години по нападот на турскиот брод, дел од флотилата која носеше помош за појасот Газа. При нападот од страна на израелските сили загинаа десет турски активисти.

XS
SM
MD
LG