Достапни линкови

Делегација на САД во Анкара на разговори за Ѓулен


Американска делегација пристигна во Анкара за средба со турски колеги по прашањето за екстрадицијата на Фетула Ѓулен, кого властите во Турција го обвинуваат дека стои зад обидот за преврат на 15 јули.

Како што објави турската телевизија „Хабертурк“, Турција веќе испратила во САД четири досиеја во врска со дејноста на т.н. терористичка организација на Ѓулен (ФЕТО), од кои, само последното е составено од стотици документи.

Анкара испрати до Вашингтон две барања, едното за задржување на Фетула Ѓулен, лидерот на организацијата, која според турските власти го извршила обидот за преврат во Турција, а другото за негова екстрадиција од Пенсилванија, каде живее од самонаметнатиот егзил во 1999 година.

Имено, тоа ќе биде темата на разговорите, кои ќе започнат утре, меѓу претставниците на двете земји.

XS
SM
MD
LG