Достапни линкови

Финска и САД ќе потпишат договор за воена соработка


Фински граничари на границата меѓу Финска и Русија.

Фински граничари на границата меѓу Финска и Русија.

Финскиот министер за одбрана изјави дека преговараат со САД за договор за соработка во областа на одбраната и планираат истиот да го потпишат наесен. Министерот Јуси Нинисто за Ројтерс вели дека договорот ќе покрива области како воена обука, делење на информации и истражувања, но нема да содржи обврски за воена асистенција. Финска има 1.300 километри долга граница со Русија и одржува неутралност уште од времето на Студената војна. Сепак, нордиските земји се жалат на порастот на руските воени акции во регионот, па затоа за првпат во историјата, Финска се приклучи на самитот на НАТО во јули.
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе распореди војници во близина на границата со Финска, ако земјата се приклучи на НАТО.

XS
SM
MD
LG