Достапни линкови

Инцко загриженост поради пожарот во црква во Сараево


Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, денеска изрази загриженост и жалење поради инцидентот во православната црква во Сараево. Тој се надева на брзо делување и истрага за сите околности во врска со случајот од страна на надлежните органи.

Инцко, исто така, ги повика политичарите да не го злоупотребуваат овој настан за политички цели.

Дел од православната црква Преобразение Господово во центарот на Сараево е запален вчера откако преку прозорецот била фрлена запалилива материја.

XS
SM
MD
LG