Достапни линкови

logo-print

Саркози пак сака да биде претседател на Франција


Поранешниот француски претседател Никола Саркози најави дека ќе се кандидира на претседателските избори кои треба да се одржат следната година.

„Донесов одлука да се кандидирам за претседател на изборите во 2017. Чуствувам дека имам сила да ја водат оваа битка низ турбулентно време во нашата историја“, напиша Саркози на својот профил на Фејсбук.

Саркози, кој има 61 години, изгуби на изборите во 2012 од неговиот против кандидат Франсоа Оланд.


XS
SM
MD
LG