Достапни линкови

Американски сили во Хелманд, за помош против талибанци


Околу 100 американски војници кои се во Авганистан се распоредени во јужниот град Лашкар Гах поради зголемен ризик од напади од талибанци.

Портпаролот на американските сили во Авганистан изјави дека војниците дошле во Лашкар Гах, главниот град на провинцијата Хелманд, да обезбедат обука и поддршка на авганистанските сили. Тој вели дека американските војници ќе послужат како „ново присуство за да се помогне во полициската зона“.

Талибанските борци презедоа контролата врз неколку околни области во последните недели и сега се закануваат дека ќе го преземат самиот град.

Шефот на провинцискиот совет на Хелманд, Карим Атал, за новинската агенција АП, изјави дека има битки на неколку фронта во покраината, што придонело да има прекин на патиштата. Во Хелманд се произведува поголемиот дел од хероинот во светот, а парите од продажбата се користат за финансирање на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG