Достапни линкови

logo-print

Тодоров: Во поплавените подрачја нема епидемија


Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува.

Опозициската СДСМ денеска побара власта да го зголеми на 90 илјади денари интервентниот надомест на штета по домаќинство во поплавените подрачја во скопско, наместо предвидените 30 илјади.

За да се обезбедат пари за интервентен надомест од по 90.000 денари, СДСМ, како што рече Дамчевски, бара веднаш да запре изградбата на „Панорамското тркало“, кулата на Водно и барокните фасади во Скопје.

XS
SM
MD
LG