Достапни линкови

СЈО истражува изборни нерегуларности во Шуто Оризари


Исказ за изборни нерегуларности во Шуто Оризари, дал денеска претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски. Тој по распитот во СЈО рече дека бил повикан во врска со еден од прислушуваните разговори што претходно ги објавуваше опозицијата, а се однесуваат на избори во Шуто Оризари.

„На пат сме да докажеме многу криминали и тоа за многу брзо време. Во интерес на истрагата не би можел да соопштам други детали“, изјави Ибраимовски.

Освен него, во СЈО денеска беа и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, а сега член на ДИК, Силвана Бонева. Тачи рече дека кога правото зборува, политиката треба да молчи, а Бонева смета дека предистражната постапка во СЈО треба да биде тајна, а не медиумски циркус.

XS
SM
MD
LG