Достапни линкови

logo-print

Ирачката полиција уапси момче пред да стане бомбаш самоубиец


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Ирачката полиција привела момче во градот Киркук, пред тој да го активира експлозивот што го носел на себе. Ирачката телевизија прикажа снимки на кои се гледа како двајца полицајци држат момче, додека други двајца го симнуваат појасот со екплозив од него. Момчето беше уапсено синоќа кратко по самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во градот. За време на распитот момчето тврдело дека го киднапирале маскирани мажи кои ставиле експлозив на него и го испратиле во областа.

XS
SM
MD
LG