Достапни линкови

logo-print

ОЈО за гонење на организиран криминал е надлежно за „Шпион“


За предметот „Шпион“ во кој еден од обвинетите е и новинарот Зоран Божиновски, е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Обвинителството наведуваат дека лицето З.Б. се товари за сторени кривични дела – злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Овој предмет го побара и Специјалното јавно обвинителство, па Основното обвинителство побара Советот на јавните обвинители да се произнесе кое обвинителство е надлежно за случајот. Советот во април годинава одлучи за случајот „Шпион“ наделжно да е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинетиот З.Б. е дел од предметот „Шпион“ од 2013 година, но истрагата за него беше запрена поради неговата недостапност се до 21.04.2016 година кога е екстрадиран од Србија во Македонија

XS
SM
MD
LG