Достапни линкови

МВР откри 14 мигранти кај Демир Капија


Вкупно 14 мигранти пронашла полицијата вчера пред тунелите кај Демир Капија, на патниот правец Гевгелија – Скопје. Пет мигранти биле пронајдени во возило, кое немало регистерски таблички и немало возач, а во непосредна близина на возилото имало уште девет мигранти. Од МВР денеска соопштија дека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци. Пред неколку денови полицијата во камион пронајде 40 мигранти.

XS
SM
MD
LG