Достапни линкови

logo-print

Бонева повика да не се прави циркус од одењето во СЈО


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Поранешната пратеничкна на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и сегашен член на ДИК, Силвана Бонева смета дека целата предистражната постапка во СЈО треба да биде тајна, а не медиумски циркус. На прашањата на новинарите, таа не одговори во какво својство е повикана да даде изказ во СЈО и рече дека е убедена дека они кои ги повикале новинарите пред Обвинитеството, ќе кажат и зошто таа е повикана, за кој предмет и за што се разговарало.

Претходно речиси еден час на распит во СЈО беше и претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој кусо рече дека сега е време да зборува правото, а политиката да молчи. А денеска на распит во СЈО е и лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски.

XS
SM
MD
LG