Достапни линкови

Турција сака да ги исчисти границите од екстремисти на ИД


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турција соопшти дека нејзината граница со Сирија мора да биде „целосно исчистена“ од присуство на Исламската држава, откако владата објави дека екстремистите биле вклучени во смртоносниот напад во јужниот дел од земјата во текот на викендот. Дете, бомбаш-самоубиец, на 20 август изврши напад на свадба во градот Газиантеп во кој загинаа 51 луѓе, а десетици се повредени.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во денешното телевизиско обраќање, рече дека границата мора целосно да биде исчистена од Исламската држава.

„Наше најприродно право е да се бориме и дома и во странство против таква терористичка организација“, рече тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека нападот, најкрвав во Турција оваа година, бил извршен со учество на оваа организација. Југоисточниот дел на Турција, во кој живеат претежно Курди, беше цел на неколку смртоносни експлозии минатата година, поврзани или со курдските милитанти или со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG