Достапни линкови

Изборниот штаб на Клинтон смета дека Трамп е кукла на Кремљ


Менаџерот на кампањата на демоксратскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон, изјави дека републиканскиот ривал Доналд Трамп мора да објасни зошто Кремљ е основата на неговата кампања. Оваа изјава на Роби Мук доаѓа само неколку денови по оставката на шефот на кампањата на Трамп, Пол Манафорт поради извештаите за неговото лобирање за една проруска украинска партија. „Манафорт е тргнат, но тоа не значи дека русите се тргнати од кампањата на Трамп“, изјави Мук, додавајќи дека со тоа се покренува прашањето дали Трамп не е и самиот кукла на Кремљ во трката за претседател на САД.

XS
SM
MD
LG