Достапни линкови

Олимпискиот тим на САД освои 46 златни медали


Олимпискиот тим на САД освои 121 олимписки медали во Рио де Жанеиро, од кои 46 златни. Тоа е за десет повеќе од освоените медали на САД на Летните Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Кошаркарската селекција на САД во последниот натпревар на Игрите го освои 46 златен медал со победата над Србија од 96 спрема 66 кошеви. На второ место е тимот на Британија со 67 освоени медали од кои 27 златни. Кина освои 70 медали, но помалку златни од Британија и е трета во генералниот пласман. На четвртото место е Русија со 56 медали од кои 19 златни.

XS
SM
MD
LG