Достапни линкови

Завршија 31 летни Олипимски игри во Рио де Жанеиро


Со свечена церемонија со самба и карневалска атмосфера на стадионот Маракана, завршија 31 летни Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Околу 50 илјади посетители и покрај ветрот и силниот дожд во бразилската тропска зима го следеа настанот кој беше проследен со парада на спортистите и со симбочично предавање на Олимпиското знаме на Токио, домаќинот на Игрите во 2020 година. „Дојдовме во Бразил како гости, а денеска се чувствуваме како пријатели. Засекогаш ќе бидете во нашите срца“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах по што согласно традицијата Игрите во Рио и официјално ги прогласи за затворени. По кратката музичка програма беше угаснат и олимпискиот пламен. На Олимписките игри во Рио де Жанеиро учествуваа над 11 илјади спортисти од 206 земји.

XS
SM
MD
LG