Достапни линкови

Познат руски писател бара политички азил во Украина


Украина соопшти дека „познат руски писател“ и критичар на рускиот претседател Владимир Путин побарал од Киев да му обезбеди политички азил по пристигнувањето на украинско-белоруската граница.

Украинската гранична служба во соопштението објавено денеска не го именува писателот. Во него се наведува и дека човекот побарал политички азил на пасошката контрола во Нови Јариловичи. Барателот на азил,пак, се опишува како „познат руски писател и јавна личност кој бил вклучен во протестите против политичкиот режим на Путин во Русија“.

Во него се додава и дека случајот се разгледува од миграциските власти. Олексеј Макеиев, политички директор во украинското министерство за надворешни работи, за РСЕ денеска не даде дополнителен коментар нагласувајќи дека повеќе информации за случајот ќе имал утре.

Бројни руски опозициски активисти кои тврдат дека имаат политички репресии од владата на Путин побараа и им е даден азил во Украина во минатата декада.

Москва и прозападно ориентираната влада во Киев имаат двегодишен застој во односите поради руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на вооружените сепаратисти кои се борат со украинските сили на истокот од земјата.

XS
SM
MD
LG