Достапни линкови

logo-print

Ердоган-Нападот во Газиантепе го извршило дете


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот на свадба во турскиот град Газиантепе вчера бил дете. Во нападот загинаа 41 лице, а десетици се повредени.

Ердоган на прес конференцијата во Истанбул рече дека експлозијата била резултат на самоубиствен бомбашки напад што го извршило дете на возраст меѓу 12 и 14 години.

Тој ги повтори негови претходни изјави дека информациите упатуваат оти во најсмртоносниот напад во Турција годинава биле инволвирани екстремистите од Исламска држава. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот. Ердоган рече дека 69 лица биле повредени од кои 17 посериозно.

Тој додаде дека целта на ваквите напади била да ги поттикне поделбите по етнички и религиозни линии во Турција.

„Од каде и да доаѓа овој теорор нема да не смени. Како нација ние ќе ја користиме нашата сила, обединети, рамо до рамо, за да се бориме против теророт како што направивме на 15 јули“ рече Ердоган алудирајќи на реакцијата за време на неуспешниот обид за пуч кој се случи на 15 минатиот месец.

Газиантепе се наоѓа на 64 километри од сириската граница. Инцидентот беше осуден и од турската опозиција и странски држави меѓу кои САД, Франција, Грција, Шведска, Јордан, Катар и Бахреин.

XS
SM
MD
LG