Достапни линкови

logo-print

Турција ќе преземе поактивна улога во конфликтот во Сирија


Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека Анкара ќе преземе поактивна улога во разрешувањето на конфликтот во Сирија во следните шест месеци во обид да спречи земјата да се подели по етнички линии. Турција ќе биде поактивна во сириското прашање во следните шест месеци како регионален играч, рече Јилдирим. Тој нагласи дека за Турција е клучно да не се дозволи Сирија да биде поделена по каква било етничка основа.

Јилдирим на прес конференцијата во Истанбул рече и дека сирискиот претседател Башар ал-Асад може да има улога во транзициониот период, но не и во иднината на Сирија.Турција стравува дека силните курдски милитанти групи во Сирија ќе ги охрабрат курдските бунтовници.

Јилдирим исто така ја отфрли можноста за каква било нова мировна иницијатива со курдските бунтовници наведувајќи дека Турција нема да влезела во дијалог со терористичка организација. Курдската работничка партија ги интензивираше бомбашките напади против полицијата и војската. Во нападите неделава загинаа десетици луѓе.

XS
SM
MD
LG