Достапни линкови

Германија ќе воведува цивилна одбранбена стратегија


Германија ќе воведе цивилна одбранбена стратегија, прва таква од крајот на Студената војна. Властите ќе го повикаат населението да складира доволно храна и вода за неколку дена, се наведува во извештајот објавен денеска.

Планот, предвидува цивилна поддршка на војниците, потоа да се зголеми отпорноста на објектите, да се зголеми капацитетот во болниците,итн,. Планот треба да биде усвоен од страна на владата во среда, пишува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Од Министерството за внатрешни работи за АФП потврдуваат дека владата треба да донесе стратегија за цивилна одбрана, но одбија да дадат детали за концептот или коментар на извештајот во весникот. Серијата напади во земјата во јули, за два од нив одговорност презеде организацијата Исламската држава, предизвикаа жестока дебата за внатрешната безбедност во Германија.

Министерството за одбрана ќе спроведува обука на војската за одговор на поголем терористички напад, а министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, минатата недела најави нови антитерористички мерки, вклучително и предлог за одземање на германски државјанства на оние луѓе кои се борат на страната на екстремистичките групи во странство.

XS
SM
MD
LG