Достапни линкови

Ирак погуби виновници за масакрот во воената база Спицер


Ирачките власти егзекутираа 36 мажи осудени за масакрот врз стотици воени регрути во 2014, извршен од страна на екстремистичката група Исламска држава. Осудените мажи беа обесени денеска во затворот Насирија. Тие беа осудени за масакрот во воената база Спицер, во градот Тикрит, кога беа убиени 1.700 војници во 2014 година. Екстремистичката група подоцна на интернет објавени грозоморни слики од убиените војници. Ирачкиот суд ги осуди на смрт претходно годинава, а во затворот Насирија беа пренесени откако претседателот на Ирак ги одобри егзекуциите. Десетици роднините на жртвите, присуствуваа на егзекуциите.

XS
SM
MD
LG