Достапни линкови

Русија може да ја користи базата Инџирлик


Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера изјави дека Русија не побарала од неговата земја користење на воената база Инџирлик, но дека таа база може да биде користена доколку тоа се покаже за неопходно, јавија светските агенции.

„Турција ја отвори базата Инџирлик заради борбата против терористите од организацијата Исламска држава. Неа ја користат САД и Катар. Другите земји, исто така, можат да побараат да ја користат оваа авио-база, во која сега делуваат и Германците. Што се однесува до Русија, немавме такво обраќање. Мислам дека и нема потреба за такво нешто, затоа што постојат две бази во Сирија на оддалеченост помала од 150 километри. Заради тоа на тие соопштенија не треба да им се верува“, објасни Јилдирим.

XS
SM
MD
LG